One love- заедничка турнеја на музички ѕвезди од Македонија и Бугарија

Бугарските продуценти Иван Христов и Андреј Арнаудов се на пат да исполнат еден нивен долгогодишен сон, а имено да направат заедничка турнеја на бугарски и македонски музички ѕвезди. Идејата се родила уште во 2009 година, кога тие го реализираа реалното шоу “Музички идол 3” за Бугарија и Македонија. Турнејата ќе се вика One Love, затоа што љубовта е таа која не познава граници, а љубовта кон музиката ги обединува генерациите и луѓето разделени од граници.

 

Турнејата ќе помине низ 8 градови во Р. Македонија и Р Бугарија. Почетокот е на 22 јули во Банско, потоа на 26 јули во Охрид, на 27 јули во Струмица, на 17 август – Сончев Брег, 18 август – Варна. На 6 септември, на денот на Обединувањето на Кнежество Бугарија и Источна Румелија, изведувачите ќе се претстават во Пловдив. 30 септември е денот за концерт во Скопје, а финалето на спектакуларното шоу ќе се оддржи на 7 октомври во Софија. Учество во турнејата ќе земат: Криско, Слаткаристика, Гери-Никол, Тони Зен, “Ъпсурт”, DJ Гоце.

 

Започна продажбата на карти во мрежата на “Ивентим”, најбрзите фанови ќе можат да купат карти на промотивна цена. За време на целата турнеја One Love луѓето ќе имаат можност да учествуваат во различни активности и да добиваат големи награди.

You May Also Like