Охрид домаќин на Фестивалот „Децата од Бугарија пеат и играат во Охрид“

Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ – Охрид и Фондација Жар-С – Бугарија оваа година се организатори на Детскиот културен фестивал „Децата од Бугарија пеат и играат во Охрид“ што ќе се одржи од 01 – 04 април 2019 година.

Овој меѓународен фестивал се одржува со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија, Македонско-бугарско пријателство и  Нов Бугарски универзитет. Идејата на организаторите е промовирање на традиционалните бугарски песни и игри како и сопствена програма кои ќе ги претстават групи и ансамбли составени од деца.         

Свеченото отварање на овој фестивал односно ревијалниот дел ќе биде на 02 април во 18 часот, а на 03 април во истото време е натпреварувачкиот дел. Настанот ќе се одржи во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

 Влезот е слободен за сите посетители.

You May Also Like