Панихида во помен на Mара Бунева

Почитувани,
На 13 јануари (недела) 2019 г. со почеток од 11 часот во црквата „Св. Димитриј“ Скопје во организација на здружението за Македонско-Бугарско пријателство-Скопје ќе се одржи панахида во помен на револуционерката Мара Бунева. Панахидата се организира по повод 91 година од смртта на хероината. Во 12 часот ќе се одржи поклонение на местото каде што пред 91 г. Мара Бунева го извршила својот подвиг.
Ги покануваме сите што сакаат да присуствуваат на панихидата и поклонението пред ликот и делото на гордата Тетовчанка да ни се придружат.

Со почит: Здружение за Македонско-Бугарско пријателство-Скопје.

You May Also Like