На 22. декември 2018 г. Здружението МБП-Скопје го одржа својот последен работен состанок за 2018 година. Во работниот дел на средбата беше презентиран годишниот извештај за активностите на самото здружение од страна на претседателот Столе Велков и возможностите за нови дејности.
Од страна на претседателот на огранокот во град Велес, Никола Здравев беше истакнато дека веќе има договорено неколку проекти во кои здружението ќе зема учество во град Велес. Присутните разговараа и за традиционалното одбележување на денот на признавањето на независнота на Македонија од страна на Бугарија во Штип.
За време на дискусиите околу идните проекти на Здружението, беа посочени и некои основни насоки за активностите во новата 2019 г. На работниот состанок освен претседателот Велков, присуствуваа Никола Здравев, Дејан Соколов, Симеон Арсов, Иван Ставров и
Александар Колев.
После работниот дел на состанокот, беше организиран и коктел.