Современата бугарска книжевност, поблиску до нас

МБП – Здружението за Македонско – Бугарско Пријателство на  15.11.2016 год.  по покана на националната и универзетска библиотека  „Св. Климент Охридски“ – Скопје ја посети манифестацијата организирана по повод современата бугарска книжевност во Македонија.

Националната библиотека  „Св. Климент Охридски “ – Скопје заедно со националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ – Софија потпиша нов договор за соработка меѓу двете библиотеки, каде што беа изложени и дел од книгите преведени од Бугарски на Македонски јазик во последните две децении.

На свеченото отварање на изложбата се обратија д-р. Иван К.Заров и д-р. Красимира Александрова, директорите на двете национални библиотеки и г-дин Иван Петков, амбасадор на Р.Бугарија во Р.Македонија. На овој настан беше иницирано продлабочување на книжевните врски и запознавање на македонската јавност со книжевните достигнувања на авторите од Бугарија.

Со оваа конкретна комуникација се поддржува меѓусебното приближување, размената  и преводот на врвни книжени дела како и отворањето нови можности за уште поголема културна соработка.

Трибината на тема  „Читаноста и Афирмацијата“ на македонските и бугарските автори, во други културни и средини беше отворена за сите заинтересирани, а во неа учествува писатели преведувачи и издавачи.

You May Also Like