Честит 3 март!

Бугарската амбасада во Скопје вчера во хотелот Александар Палас организираше коктел по повод државниот празник на Република Бугарија- 3 март.

На свечената пригода гости беа голем број политичари, дипломати, интелектуалци и претставници на бугарската заедница во Македонија. Откако беа интонирани химните на Република Македонија и Република Бугарија, Н.Е. амбасадор Иван Петков оддржа пригоден говор.

Во својот говор г-нот Петков ги поздрави гостите и ја објасни големината и важноста на датумот 3 март 1878 г. во историјата на Република Бугарија. Во духот на европските вредности Н.Е. амбасадорот Петков истакна дека Бугарија ќе продолжи да се залага за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, ставајќи го акцентот на тоа дека и Македонија треба да го продолжи својот пат кон членството во Европската Унија.

Амбасадорот подвлече дека иднината на Македонија и Бугарија е сврзана со големото евро-атлантско семејство.

На свечената пригода по повод на државниот празник на Бугарија беа поканети и присуствуваа претставници и на нашето здружение за Македонско-Бугарско пријателство, претседателот Петар Колев и генералниот секретар Димче Петкоски.

На 3 март 1878 година во Сан Стефано (кварт на Истанбул) Руската и Османската империја потпишуваат прелиминарен мировен договор со кој дефакто Бугарија се ослободува од 5 вековното османско робство и се

создава Третата бугарска држава.

You May Also Like