Легендарниот алпинист и планинар Христо Проданов

На 24 февруари 1943 година е роден Христо Проданов, легендарен алпинист и планинар, првиот бугарин кој го искачува врвот Лоце на Хималаите, а исто така првиот кој го освојува највисокиот светски врв, Монт Еверест, притоа загинувајќи при спуштањето од него, на 21 април 1984 година.

Христо е роден во Карлово, а завршил на Хемиско-Технолошкиот институт во Софија.Работи како инженер и металург во Перник, и во СМК “Кремиковци”.

Со планинарење и алпинизам се занимава од своите рани години.Има искачено многу врвови во Бугарија, на Алпите, Памир,Кавказ, Олимп…

Иако има некои недоразбирања воалпинистичката федерација, сепак влегува во националната експедиција за Еверест, во 1984 година.До врвот стигнува на исклучително тежок начин, сам, без боца со кислород, како и по Западниот гребен, односно “Жестокиот пат”.Се симнува во мрак, следејќи ги сопствените стапки, нешто кое дотогаш никој алпинист не го направил.Температурите значајно паѓаат, доаѓа и бура, така што Христо решава да кампува на отворено, на височина од околу 8700 метри.Во критичната зона е на 20, и 21 април, се до својата смрт на 22 април, 1984 година.Тој е 155-иот алпинист кој го освојува највисокиот светски врв, при што останува засекогаш на него.

Носител е на многу државни награди и спортски одличја, меѓу кои и, “Херој на Бугарија” во 1984г., за искачувањето на Монт Еверест, сам и без кислород, “Алпинист на 20 век” во 2001г., и двете доделени посмртно.

You May Also Like