Младите од МБП го освоија првото и третото место на Спартакијада

Во националниот спортски комплекс „Спорт Палас“, град Варна по трети пат, здружението за „Македонско – Бугарско пријателство“ зеде учесто во организираната од ДАБЧ, 6-та по ред Спартакијада за деца.

Годинава на оваа убава спортска традиција зедоја учество младински екипи од Украина, Молдавија, Романија, Србија, Македонија и Албанија.

Спортските дисциплини во кои се натпреваруваа децата се фудбал за момчиња и одбојка за девојчиња. Наптреварот обедини над 200-та деца, кои покрај спортските натпревари се радуваа и го запознаа градот Варна и Црното море.

После тридневно натпреварување и покрај силната конкуренција, екипата на девојчињата од здружението за “Македонско – Бугарско пријателство“ го освои 1-то место во одбојка, а екипата на момчињата го освои 3-то  место во фудбал.

Среќата која им се гледаше на лицата на децата, не беше само за добиените пехари и медали, туку целокупниот впечаток од Спартакијадата, кој е доволен доказ, за тоа дека ваквите иницијативи се позитивно прифатени од младите.

 

You May Also Like