Изминатиот викенд (17 и 18 септември 2016 г.) во Прилеп беше спроведен проектот „Стекнуваме здрави животни навики“, каде покровител е здружението „Македонско – Бугарско пријателство“.
Двата дена беа исполнети со програма која имаше за цел да промовира здрав животен стил за децата, младите и нивните родители. Предавањата и работилниците беа организирани и спроведени во соработка со поединци и здруженија од Прилеп, Битола и Скопје, во опуштена и ведра атмосфера, преку непосреден контакт меѓу предавачите и посетителите. Тоа допринесе секој да има можност да земе учество со свои прашања и коментари и да се оствари позитивна социјална интеракција, што беше една од целите на проектот.
Упатуваме благодарност до учесниците:
- Христина Сиљаноска Ѓорѓиоска и Гордана Сваќароска од МБП, огранок Прилеп;
- Јога Центар „Садана“ – Скопје (Ана Секуловска и Христина Гогу, наставници по јога);
- ПЗУ Ортодонт – д-р Билјана Чоневска, ортодонт и м-р по стоматолошки науки;
- Slow food – Битола (Николче Николовски, активист);
- Тодорка Наумоска Димески, нутриционизам;
- „Прилеп НаТочак“ (Даме Димески, активист).
Исто така, благодарност и до оние кои ја следеа програмата и одлучија викендот да го поминат едуцирајќи се за своето здравје.
Се надеваме дека ова ќе биде само еден вид иницијатива за подигнување на свеста за градење на здрав животен стил и дека истата ќе продолжи и понатаму.