„ ДАРИ КНИГА – ЗАПАЗИ БАЛГАРШТИНАТА “ е мотото под кое веќе 2 години по иницијатива на Галја Христова, луѓето од Враца, Варна, Софија и други градови низ Бугарија ги донираат собствените книги од нивните домашни библиотеки.
Г-ѓа Галја Христова, која е заменик претседател на ЖО на ВМРО – БНД во Враца, гостуваше во здружението „ Македонско – Бугарско пријателство “ во Битола и му подари дел од собраните книги со различна тематика.
Во донацијата има книги за сите возрасти и вкусови како приказни за најмалите, историски книги, Бугарска литература, но и светски класици.
Г-ѓа Христова лично и подари на претседателката на МБП, г-ѓа Маринела Петреска, тетралогијата на Димитар Талев – „ Железниот светилник “ , „ Преспанските камбани “ , „Илинден “ и „ Гласовите ви чувам “ .
Иницијативата за овој вид на донација на МБП беше подпомогната од пратеникот во собранието на Р. Бугарија, г-н Красимир Богданов, кој исто така на здружението за „ Македонско – Бугарско пријателство “ му подари неколку примероци од неговата книга „ Заборавени херои “ .
Книгите ќе бидат дел од сите 14 ограноци на здружението за „ Македонско – Бугарско пријателство “ , со цел да бидат што поблиску до луѓето кои ја сакат и ценат добрата книга.
Г- ѓа Христова донесе и своја лична донација за настраданите од поплавените делови во Македонија, која ќе биде предадена во Црвениот крст. Кратката посета во убавата Битола остави голем впечаток на нашите гости кои ни ветија дека повторно ќе ни гостуваат во некоја наредна прилика.