Образовен семинар на тема „Европската унија – гарант за мирот и демократијата во Европа“

Од 27.10 – 31.10.2014 година во Варна, Република Бугарија, беше одржан културно – образовен семинар на тема „Европската унија – гарант за мирот и демократијата во Европа“. Семинарот беше во организација на фондацијата Българска памет, а под покровителство на Претседателот на Република Бугарија г. Росен Плевнелиев. На семинарот беа разработени прашањата во врска со:

1. Можностите и придобивките на младите во ЕУ;
2. Историјата на Бугарија;
3. Историјата за Цар Самоил;
4. Дијалектите на бугарскиот јазик.
Покрај работниот дел, организирана беше и посета на културно – историски споменици и беа прикажани историски моменти преку визуелни ефекти во тврдината во Велико Трново.
За прв пат оваа година учество на семинарот имаа претставници од Кичево (Ангела Никодиновска, Марија Трипуноска и Катерија Ѓорѓијоска), предводени од г-ѓа Маринела Петреска од Здружението Македонско – Бугарско пријателство Битола.

види галерија >>>

 

Поврзани вести