Од почетокот на месец јули, четворица студенти од Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се на пракса во канцелариите на здружението за Македонско – Бугарско пријателство во Битола.
Праксата ќе биде во период од 3 месеци, а се одвива по европската програма Еразам+. Тоа е програма за образование и обука со клучна дејност во сферата на високото образование за мобилност на студенти со краткорочна пракса, целосно финансирана од Европска Унија.
Студентите, Петар Петров, Емануела Христова, Иваничка Маркова и Силвија Савева, благодарение на програмата „Еразам – пракса“ добија можност да работат за подобрување на врските помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија. Тие имаа можност да се запознаат со работата на здружението и неговите 14 ограноци од средба со председателката Маринела Петреска, а исто така остварија и средби со целото раководство на здружението.
Практикантите ја потикнаа идејата за донација на книги, со тоа здружението како и неговите ограноци би ги збогатиле своите библиотеките.
Студентите на Великотрновскиот универзитет истакнаа дека активно ќе продолжаат да работат за каузата на здружението „ Македонско – Бугарско пријателство “ не само за време на нивната пракса во Р.Македонија, туку и по нивното враќање во Р.Бугарија.