Словенските просветители Кирил и Методиј

Житие: Свети Методиј и Кирил

cyril_and_methodius-460x250Свети Методиј и Кирил родени браќа родум од Солун, одгледани од угледни и богати родители, Лав и Марија.

Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу славјанското население. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин).

Но кога хазарскиот цар Каган побара од Ромејскиот Цар Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ.

kiril i metodi2По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на славјански. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножиа книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината.

На повик од папата подоцна заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година.

Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Славјаните.

По неговата смрт – а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година – неговите ученици Петочисленици Климент, Наум, Ангелариј, Горазд и Сава, на чело со Свети Климент како епископ.

Го преминаа Дунав и се спуштија кај Цар Борис покрстител за да го разшират делото за утврдување на црквата и уредување на глаголицата.

Климент стана и прв славјански Архиепископ, каде што од Охрид продолжи да работи меѓу христијаните на истото дело што го започнаа браќата Кирил и Методиј.

Поврзани вести