На ден 12.09.2017 год. По иницијатива на здружението за МБП Охрид по повод ослободувањето на гр.Охрид од српската окупација во с.Велгошти Охридско се оддржа панихида во чест на паднатите херои и жртвите на српскиот режим.Воедно претставници на раководството на МБП Охрид во присуство на претседателот на здрж.за МБП г-дин.Петар Колев положија свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од српскиот окупатор. Свежо цвеќе положи и г-дин.Владимир Каневчев претседател на огранокот на политичката партија Обединети за Македонија.Меѓу присутните беа и советниците од локалната самоуправа на гр.Охрид претставители од ВМРО-Народна партија г-дин.Јоне Станковски како и г-дин.Александар Калачоски.Пригодни говори оддржаа секретарот на МБП Охрид како и г-дин Јован Шиков.
Целта на денешниот собир е одбележувањето на 104 годишнината од Охридско Дебарското востание како и ослободувањето на Охрид од српската окупација но исто така да им оддадеме достоен почит на жртвите кои го положија својот живот за ослободувањето на Охрид а воедно и да го афирмираме овој историски настан како пред охридската така и пред македонската јавност бидејќи ние сме должни да ја познаваме нашата историја,да се гордееме со неа,да ја бараме вистината!И Да ја споделуваме! Зошто само вистината ќе не направи слободни и независни!
Пред да започнам со историскиот настан би сакал пред се да ви споделам една мала информација за борбеното знаме на Охридските востаници.
Знамето е изработено од охридските учителки Поликсена Мосинова,Василка Рамзова,Клија Самарџиева и Костадинка Бојаџиева.Осветено е на 23 јули 1903 година од поп Васил Попангелов деец на ВМОРО и организатор на востанието во Долна Дебрца.На осветувањето присуствуваат 600 востаници и селани од селата Куратица,Брежани,Плаке и Опејнца.После осветувањето знамето е предадено на војводата Христо Узунов.Четата на војводата Христо Узунов војува до 24 април 1905 год. Кога во битката кај село Цер Кичевско загинуваат сите комити заедно со војвода.Знамето на Илинденското востание во Охрид е пренесено од преживеаните востаници во Слободна Бугарија и на тој начин е спасено!
Причините за кревање на Охридско-Дебарското востание се многу но како најважна ќе ја одвоиме потпишувањето т.е. разочараноста од Букурешкиот мировен договор 1913 год. со кој Македонија територијална е поделена помеѓу Србија,Грција и Бугарија.Огромни маси на македонското население остануваат под ново и пострашно ропство,на Срби и Грци..И покрај петициите на ВМОРО и легациите на бугарските професори Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов, големите сили остануваат безгрижни во страдањето на местното население. Откако ЦК на ВМОРО го сослушува извештајот на мисијата донесува одлука со директива No 2 од 21 август 1913 година, пратени до сите војводи и чети, да се обнови курирската мрежа и обнови борбата. Задачите за подготовка на востанието се доделуваат на Петар Чаулев, Павел Христов и други дејци во овие области. Тие влегуваат во врска и со албански револуционери за сојуз во борбата против новиот непријател.Донесена е одлука востанието да се крене во почетокот на октомври 1913 година
Репресиите кои ги правеле српските окупаторски војски врз месното население секако дека биле исто така причина за ова востание. Имено Петар Чаулев во едно интервју за софискиот весник „Камбана“ ќе каже: „Причините за востанието се безброј, Србите се модерни варвари во Македонија. Затворањето и тепањето се најобично нешто. Честа, животот и имотот на народот се во нивни раце. Токму тоа е и причината за идејата да се дигне заедничко востание против српските поробувачи.“
По непредвидени околности Охридско-Дебарското востание избувнува месец порано. На 7-ми септември е откриена четата на Селим-ага крај Пешколија која влегува во откриена борба со српската војска. Во оваа ситуација се креваат сите околни села во Дебарско и Србите се протерани. На 9 септември е ослободен Дебар од четите на ВМОРО како и од албански чети. На 12 септември четите на Петар Чаулев и Павле Христов свечено влегуваат во Охрид.Каде што е формирана привремена власт на слободната територија на чело со Лев Огненов До овој момент во текот на востанието се заробени четири српски полкови, заедно со нивните офицери. За да го задуши востанието српската влада мобилизира дополнителни 100 000 лица, а исто ја моли и Грција за помош. Во помош на Владата се вклучуваат и српските чети на Црната рака. Организаторите на востанието решаваат прво да го ослободат Кичево, а потоа да се насочат кон Битола. На 17 септември Петар Чаулев ги разбива српските сили крај Кичево и влегува во градот. На 18 септември Србите почнуваат офанзива на сите фронтови, како се поддржани и од грчки војници. На 19 и 20 септември по нерамни борби четите на ВМОРО и албанските востаници отстапуваат на запад кон Албанија. Откако го задушуваат востанието Србите почнуваат со масовни репресии и ѕверства.Само во охридската околија се опожарени 30 села.Според Карнигиевата комисија само во Охрид се убиени 8 свештеници, 5 учители , како и над 700 охриѓани од кој 500 се од албанско и турско потекло . За злосторствата на српските војски, Петар Шанданов во своите спомени пишува: „Во тие денови с. Велгошти, охридско, Србите извршија големи ѕверства над селаните, многумина од нив убија и на тој начин ги открија Димитар Иванов и Христо Бајрамов и водејќи ги кон градот ги убија по патот. Тие дејствија на Србите го фрлија во паника целиот град. Убија без суд некои граѓани и селани што беа фатени првите денови и дел од нив беа фрлени во затворот при околиската управа.“ Стотици села се избришани од лицето на земјата, а жителите кои не избегале биле убиени. По различни патишта повеќе од 30 000 жители успеваат да побегнат во Бугарија и Албанија.
Охридско Дебарското востание е од големо значење бидејќи само по себе испраќа јасна порака до Великите сили дека со Букурешкиот договор е нанесена огромна неправда врз македонското население како и врз Македонија и се додека не биде ревидиран Букурешкиот договор и не и се даде самоопределување на Македонија вооружената борба ќе биде единственото средство против новите власти. Секако од огромно значење е и фактот дека со ова востание против српската власт се урива и српскиот мит дека во Македонија живеат јужно србијанци кои србите не бирајќи средства пред меѓународната јавност го преставувала македонското население како српско!
Вечна слава и длабок поклон пред жртвите кои го положија својот живот пред олтарот за слободна Македонија! Амин