Работна средба на здружението МБП Максим Костов и народните представници од Р.Бугарија

sredba_maksim_kostovНа 04.12.2015 година во просториите на Здружението Македонско Бугарско Пријателство „Максим Костов“ во Кичево се одржа работна средба на која присуствуваа пратениците од Собранието на Република Бугарија Красимир Богданов и Јулиан Ангелов, Претседателот на Државната агенција за бугарите во светот, Борис Вангелов, и претседателот од здружение БК Патриот, Петар Харалампиев.

 

12347734_558721314277009_6599061552964171091_nНа средбата се разговараше за остварување на соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и остварување на повеќе заеднички проекти во интерес на сите граѓани.

Гостите од Бугарија заедно со претставници од Здружението ја посетија градската црква „Свети Петар и Павле“, каде остварија контакт со дел од верниците кои присуствуваа таму.
Членовите на Здружението им се заблагодарија на гостите од Бугарија за остварената работна средба, со надеж за продлабочување на соработката во иднина.

12321629_558721280943679_678179471724727581_n   Mkasim Kostov

Поврзани вести