МБП ГО ОТВОРИ 14-ОТ ОГРАНОК ВО ДЕЛЧЕВО

Огранок на Здружението „Македонско – Бугарско пријателство“ беше отворен и во Делчево.

На 16 јули (сабота) 2016 година со свечен коктел беше одбележано отворањето на огранокот во присуство на заинтересираните граѓани. Претседателката на огранокот, Ирена Гошева, ги поздрави присутните потсетувајќи уште еднаш на целите за кои е основано Здружението и неговите активности.

Свој говор имаше и претседателката на Здружението, Маринела Петреска, која исто така направи осврт на досегашните активности на Здружението и ограноците, како и идеите за понатамошна успешна работа.

Ѓорѓи Трендафилов, кој е портпарол на Здружението, се обрати пред присутните посочувајќи на позитивностите од неговото функционирање.

„Македонско – Бугарско пријателство има капацитети, енергија и визија. Ќе ги поттикнеме сите и ќе ја насочиме енергијата во единствена насока заедно со нашите традиции и вредности, а тоа е Европското семејство“ – рече Трендафилов.

Господинот Петар Колев, своето обраќање повеќе го посвети на младите како столб на иднината, спомнувајќи ја и важноста од нивно образование, прифаќање на европските вредности и градење на силна индивидуа. На таков начин тие ќе бидат подготвени за предизвиците на иднината и со своите идеи и креативност ќе допринесат за европска Македонија.

Канцеларијата на делчевскиот огранок се наоѓа на ул. Маршал Тито бр.8. За претседател на огранокот е назначена Ирена Гошева, потпретседател ќе биде Виктор Новоселски, а секретар Александар Стојнов.

 

Поврзани вести