Голем интерес за кумановскиот огранок

Уште еден огранок на здружението „Македонско – Бугарско Пријателство“ беше отворен на 27 април 2016 година. Овојпат домаќин беше градот Куманово. Свеченото отварање се одржа во канцеларијата на здружението на  ул.Октомвриска револуција бб, а продолжи со коктел во присуство на голем број граѓани на Куманово, како и членови на здружението од другите градови.

Обраќање до присутните имаше претседателката на здружението Маринела Петреска, која уште еднаш даде осврт на активностите на задружението, како и целта и придобивките од постоење на истото. Претседателот на огранокот во Куманово, Ангел Димитровски,рече дека ќе се залагаат за поставување на темелите на добрососедство кон европска Бугарија и ќе се обидат да ја реализираат и развиваат секоја идеја и потреба на граѓаните на Куманово.

Исто така, пред присутните се обрати и Петар Колев, кој рече дека она што нашите родители пропуштиле да го направат изминативе години во Македонија, останува на помладите да ја превземат одговорноста и да не чекаат некој друг наместо нив да им ги подобри условите во кои живеат, туку дека се работи за нивните животи, па затоа самите да се активираат во градењето на една поубава иднина во Р.Македонија.

За потпреседател е назначен Стојанче Зафиров, а функцијата секретар ќе ја извршува Љупче Стојановски.

 

Поврзани вести