Отворена изложбата на осум македонски уметници во Софија

Во КИЦ на Република Македонија во Софија беше отворена изложбата на осуммина македонски уметници, поранешни студенти на Националната ликовна Академија во Софија.
Ликовните уметници Иво Пецов, Зоран Мише, Павел Целкоски, Марјан Ѕин, Адриана Јованоска, Горан Тричкоски, Иван Стоименов и Зоран Георгиев, обединети во концептот “Конекција 2”, се претставија со свои најнови дела од областа на графиката, скулптурата, сликарството, уметничката обработка на метал.

Галерискиот простор на Македонскиот културен Центар во Софија беше претесен да ги прими стотиците љубители на уметноста на младите македонски ликовни уметници, кои својот најнов ликовен опус го презентираат и во бројни познати ликовни галерии низ Софија и Бугарија.

konekcija

 

Концепцијата “Конекција” е плод на соработката на КИЦ на Република Македонија во Софија и македонските студенти кои дипломираа или завршуваа пост-дипломски и докторски студии на Националната ликовна Академија во Софија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија. Изложбата ќе ја отвори директорот на македонскиот КИЦ во Софија Васко Шутаров.

You May Also Like