Бугарија ќе биде гарант на македонската независност и територијален интегритет. Ова се наведува во соопштението на бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов објавено вчера.
„Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од приоритетна важност за Бугарија и таа, без сомневање ќе продолжи да биде гарант на независноста и територијалниот интегритет на Македонија“,
вели министерот Митов, потсетувајќи дека Бугарија била првата што ја признала македонската независност и нејзината одлука била клучна за стабилноста на Југоисточна Европа.