Почитувани, здружението за Македонско -Бугарско пријателство ја има честа да ги покани уметниците од Република Бугарија г-дин. Владимир Запрјанов, г-дин. Румен Статков, г-дин. Христо Габеров за учество во општата изложба живопис „ МОСТОВИ НА ДУХОТ“ во град Охрид, Република Македонија.
Во изложбата ќе учествуваат уметниците од Република Македонија г-дин. Саша Петкоски и г-дин.Саша Попоски, раководител на АРТ ГАЛЕРИЈА „ЕМАНУЕЛА “ г. Охрид.
Откривањето на изложбата ќе биде денот на Св. Наум Охридски во комплексот на манастирот Св. Наум Охридски, 03.07.2017 год. со почеток во 14:00 часот.
Мотото на изложбата „ МОСТОВИ НА ДУХОТ“ е во чест на големиот светец Св. Наум Охридски со цел да ја прикаже идејата на комуникација преку универзалниот јазик на уметноста помеѓу творците од Република Македонија и Република Бугарија.