АМБАСАДОРОТ НА БУГАРИЈА АНГЕЛ АНГЕЛОВ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МБП ДОБРЕ МИТРЕВ

Претседателот на здружението Македонско бугарско пријателство- Скопје, Добре Митрев, денеска се сретна со амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје, неговата екселенција Ангел Ангелов.

На средбата Ангелов и Митрев разговарале на повеќе теми , но главниот фокус го задржале врз развојот на добрососедските односи меѓу РС Македонија и Р. Бугарија. Митрев изразил подготвеност да работи активно за креирањето на повеќе проекти кои ќе бидат насочени кон обичните граѓани од двете страни на границата, кои според него треба повеќе да се запознаат и да не стануваат жртва на затегнатите во моментот меѓудржавни односи, бидејќи тие не се виновни за настанатите разлики меѓу политичките елити на двете земји.

По повод празникот 1 Март (Баба Марта) што се одбележува во Бугарија амбасадорот Ангелов му подари мартинка на г. Митрев.

извор: https://tribuna.mk/

You May Also Like