МБП на меѓународен фестивал на МАНОВИОТ МЕД

Здружението за Македонско – Бугарско пријателство со својот органок во Пробиштип заедно со здружението на пчелари „ Пчела “ од истиот град гостуваше во Р. Бугарија во град Царево на фестивал на мановиот мед кој се организира традиционално оваа година по XIII пат. Во проектот се вклучија пчелари од неколку населени места од овој регион – Пробиштип, Делчево, Радовиш и Ранковце.

Срдечно добредојде на сите пчелари на свеченото отварање им посака министерката за земјоделие на Р. Бугарија, г-ѓа Танева, која од краткиот разговор со претседателката на здружението за Македонско – Бугарско пријателство, Маринела Петреска, се запозна со идејата за овој проект и изрази надеж дека македонското присуство на овој фестивал ќе стане традиција.

Пчеларите остварија работни средби со своите колеги од град Царево, а се организираа посети на пчеларници како и пчеларски работилници. Се разменија мислења и идеи за идни проекти, а вистинската дружба заврши со пчеларска забава.

Во рамките на посетата на град Царево, беше остварена средба помеѓу претседателката на здружението Маринела Петреска, општинскиот советник во О. Пробиштип, Стојанче Зафиров, и градоначалникот на град Царево г-н Ѓорги Лапчев. Во текот на разговорот беше претставена работата на здружението, неговите цели, идеи и идни проекти, а се стави на маса и предлог за збратимуване на градовите Царево и Пробиштип.

Богатото искуство што го разменија пчеларите, како и убавините на Црното море и Царево се доказ дека следната година МБП ќе учествува на фестивалот на Мановиот Мед.

 

Поврзани вести