Што се изборните кампањи?

Боксерскиот ринг, каде што сите кандидати задаваат удари или една трка во која треба да се победи противникот? Дали е тоа можност да се напаѓа усно и да се уништи имиџот на противниците или да се презентира добро развиена предизборна програма? На изборите, целта ги оправдува средствата, или дали сепак треба да преовладува здравиот разум? Изборите не треба да бидат конфронтација меѓу луѓе кои размислуваат поинаку, туку натпреварувачка конкурентност во која се покажуваат најдобрите квалитети на страната која се преставува, промовирање на вистинските вредности, земајќи ги во предвид етиката и здравиот разум.

Пред дваесет и осум години, граѓаните на Р.Македонија се обединија за да ја прогласат својата независност, изјавувајќи дека “Република Македонија е суверена, независна и демократска држава, слободна да одлучува за својата сегашност и иднина, без мешање однадвор, во согласност со своите идеали и аспирации на народот “. Во моментов, суверенитетот, независноста и слободата на Р.Македонија се уште се тестираат – како од внатрешна така и од надворешна страна. Денес сеуште гледаме невообичајни настани во државата во која сè уште има луѓе кои сакаат достоинство и почитување на човековите права. Тие бараат крај на безработицата, подобрување на нивната иднина, правда и влијание врз политиката. Демократијата не се случува преку ноќ, од година во година, или преку учество на еден или два избори. Спроведувањето на демократијата бара долга и посветена работа. За да има перспективен напредок треба активност на граѓаните.

Затоа, Здружението за Македонско-Бугарско Пријателство-МБП Скопје прака порака до своите членови и симпатизери, воедно и до сите граѓани на Р.Македонија да излезат на престојните избори, претседателски, а во некои градови и локални и активно да се вклучат во донесувањето на важните одлуки за државата и самите нас.

Испраќаме порака за фер и демократски избори, да не дозволиме да бидеме за пример за тоа како не се организираат избори во земја која е пред влез во Алијансата на НАТО и кандидат за почеток на преговорите за влез во Европската Унија. Демократските избори се широко признат метод за идентификување на легитимните победници (управувачи). Со тоа што им овозможува на граѓаните да одберат како сакаат да бидат управувани, изборите се, во извесна смисла, основа за сите други демократски институции и политички случувања.

Со почит,

Здружение Македонско-Бугарско Пријателство-МБП Скопје.

You May Also Like