На 03.03.2016 година во Скопје беше одбележан Денот на ослободувањето на Бугарија од Отоманската Империја.
Настанот беше во организација на Бугарската амбасада во Скопје, а се одржа во х. Александар Палас во присуство на амбасадори, политичари, бизнисмени и други јавни личности.
Членовите и раководствата од сите ограноци на Здружението за Македонско – Бугарско пријателство, исто така, беа меѓу бројните присутни гости.