Здружението Македонско-бугарско пријателство одржа работна средба

На 10 ноември 2018 г. во просториите на централата на Здружението,, Македонско Бугарско Пријателство МБП – Скопје “ се одржа работна средба на МБП –Скопје. На средбата беа присутни првите луѓе на ограноците на здружението од цела Македонија, претседателот на Здружението Столе Велков, а како гостин на работната средба беше и почесниот претседател Петар Колев .

Во своето обраќање претседателот Велков го презентираше извештајот за активностите на Здружението за тековната година, а исто така и ги најави дел од новите проекти што ќе те треба да бидат реализирани во блиска идница. Извештаи за сработеното поднесоа и сите претседатели на ограноци на територијата на Република Македонија.

Како по значајни активности на Здружението што можат да се издвојат се:

1. На 24 мај, МБП-Скопје, во соработка со Министерството за образование на Република Бугарија и ДАБЧ, организираше учество на деца од македонски училишта и спортски клубови за прославата на денот на словенечкото писмо, денот на светите браќа Кирил и Методиј. Децата пристигнаа во Софија на 23 мај, беше организирано ноќевање во хотел, учествуваа на маршот за светите браќа Кирил и Методиј на следниот ден, ручек и организирана посета на значајни места во Софија.

2. Во периодот од средината на мај до крајот на јуни, Здружението активно учествуваше во студентската кампања за запишување студенти според Заповед број 103 и 228 за факултетите во Бугарија. Нашите претставници помогнаа да се организираат презентации во Скопје и во Битола. Сите канцеларии на Здружението беа на располагање на заинтересираните идни студенти за да имаат информации за постапката за аплицирање, а заитересираните беа информирани за зголемувањето на бројот на студенти кои треба да бидат примани и за сè останато.

3. На 12.06, Столе Велков, претседател на МБП – Скопје, учествува на конференцијата организирана од потпретседателот на Бугарија г-ѓа Илијана Јотова и вицепремиерот Валери Симеонов на тема “Улогата на бугарската заедница во развојот на Западен Балкан”. Претседавачот на МБП-Скопје ги презентира активностите на Здружението. Беа дискутирани разни теми и проблеми на бугарската заедница во соседните земји. Учесници на конференцијата беа сите амбасадори на соседните земји во Република Бугарија.

4. Во периодот од 20.06 до 23.06.2018 Здружението МБП -Скопје со огранокот МБП Охрид зеде учество во манифестацијата ,, Денови на Бугарската култура, фолклор и традиција“ во Охрид, Македонија. Организатори на настанот беа невладини организации од Македонија и Бугарија и Амбасадата на Р.Бугарија во Р.Македонија. На последната вечер на настанот од име на претседателот на МБП-Скопје, секретарот на МБП-Охрид, Крсте Ристески додели благодарници на претставниците на Амбасадата на Р.Бугарија во Македонија на организаторите на фестивалот и на фолклорните групи, кои учествуваа.

На работната средба беше донесена одлука за учество на Здружението во Бугарскиот филмски фестивал во 2019 година, со покана на актери од Република Македонија. Исто така беше донесена и одлука за отворање на нови ограноци на Здружението во Берово, Радовиш и Виница.

You May Also Like