На 01.04.2016 год., петок, во просториите на здружението ул. „Мајор Чеде Филипоски“ бр.22 во центарот на Гостивар, здружението за Македонско – Бугарско Пријателство свечено го отвори својот огранок во присуство на голем број гости и пријатели.
На свеченоста свое обраќање до присутните имаше претседателката Маринела Петреска, која укажа на значењето од активностите на ова здружение за граѓаните на град Гостивар, како и на важноста од градењето на пријателство помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија преку едно вакво здружување.
Гостите ги поздрави и претседателот на огранокот во Гостивар, Марјан Матески, кој нагласи дека ќе ја продолжи и продлабочи работата на МБП, а и ќе одговори на сите предизвици и активности. Димче Кулески ќе ја извршува функцијата Потпретседател, а за секретар е именуван Бојан Серафимоски.