Германија за Хрватска, Турција за Босна, а Бугарија за Македонија

Почетоците на демократизацијата во Бугарија и македонската независност

 

Стефан Тафров бил прв заменик-министер за надворешни работи (ноември 1991 – мај 1992 и февруари 1997 – јануари 1998), амбасадор во Италија (1992-1995), амбасадор во Велика Британија и Ирска (1995-1997), амбасадор во Франција, постојан претставник во УНЕСКО, Париз (февруари 1998 – февруари 2001), постојан претставник на ОН во Њујорк (2001-2006). Во март 2001 година стана првиот бугарски амбасадор, носител на највисоката степен на францускиот Орден на Легијата на честа.

Тафров е роден е на 11 февруари 1958 година во Софија. Завршува Француската јазична гимназија во Софија и новинарство во СУ „Св. Климент Охридски“ (1983). Работи како уредник во списанието „Современик“, во „Надворешна политика“ на весникот „Демократија“ (1989-1991) и Меѓународниот оддел на УДФ (1990-1991). Владее шест јазици – англиски, француски, италијански, шпански, полски и руски.

Може ли да се каже дека признавањето на Македонија беше првата самостојна манифестација на новата бугарска надворешна политика по 1989 година?

       – Секако. Многу ретко во нашата историја можеме да зборуваме за вакви одлуки. Од една страна, тоа има врска со историјата, бидејќи целата надворешна политика на предкомунистичка Бугарија се „вртела“  околу Македонија. Значи Бугарија го имаше не само правото, таа имаше обврска да ги води останатите, дури и големите држави, да каже кое е правилното однесување во оваа ситуација. Создавање на независна македонска држава е начинот на кој се решаваат овие вековни конфликти и ривалство меѓу Бугарија, Србија и Грција и го отвора патот кон европскиот развој на Балканот воопшто. Од друга страна, додека српските  соседи под водство на Милошевиќ водеа крајно националистичка надворешна политика и разгорување војна по војна, Бугарија покажа без претерување на сите наши европски и евроатлантски партнери дека заслужуваме да бидеме во богатиот, развиен и цивилизиран свет. Тоа е основата на  нашиот развој тогаш.

Како помина денот 15 јануари 1992 година (Кога владата донесе одлука за признавање на Македонија)?

– Имаше состанок на Министерскиот совет, што течеше уште во претходните два дена, што практично беше посветен само на оваа тема. Ситуацијата за Бугарија беше многу тешка – таа не беше членка ниту на НАТО, ниту на Европската унија, ниту на Советот на Европа. На Запад од нас имаше еден многу опасен диктатор – Слободан Милошевиќ – и не се знаеше како ќе се развиваат настаните, буквално имаше опасност воениот конфликт во поранешна Југославија да се прошири и во Бугарија, и на Балканот воопшто. Затоа беше многу важно одлуката што зеде Бугарија тогаш. Решавачки момент во овој процес беше одлуката на т.н. Комисија Бадентер под претседателство на поранешниот претседател на францускиот Уставен суд и поранешен министер за правда Робер Бадентер, една многу голема фигура. Оваа комисија беше на Европската заедница, уште немаше ЕУ. Таа мораше да препорача на земјите-членки кои од четирите југословенски републики, кои беа побарале да станат независни, ги исполнуваат критериумите изработени од заедницата. За општо изненадување. Бадентер препорача да се признаат две републики – Словенија и Македонија. Јас разбрав за ова по приватна линија и многу добро се сеќавам на моментот кога влегов во Министерскиот совет – бев и в.д. министер за надворешни работи, бидејќи Стојан Ганев како титулар беше надвор Бугарија, тој воопшто беше против признавањето. Ја соопштив оваа вест и министрите станаа и почнаа да се прегрнуваат. Тоа го отвори патот пред Бугарија. Имаше и други тешкотии – кога да се признае, бидејќи токму на овој ден во Лисабон – тогаш Португалија беше претседател на заедницата – министрите за надворешни работи сакаа да ги признаат  Словенија и Хрватска. За Германија тоа беше главен приоритет. За нас сепак како Бугари беше особено важно да се зајакне положбата на Македонија, конфликтот да не се шири на југ. И покрај тоа сакавме да испратиме порака за пријателство кон луѓето во Македонија, кои со децении беа жртва на антибугарска пропаганда и да им покажеме дека Бугарија е вистински пријател. Впрочем Бугарија ја призна земјата како Република Македонија и до ден денес, за нас тоа е нејзино вистинско име.

Каво беше  расположението во Народното собрание, кога премиерот Филип Димитров најави одлуката на владата?

– Министрите го задолжија Филип Димитров да реши кога да се соопшти признавањето на четирите републики. Буквално во следниот момент тој порача портпаролот на владата, Надежда Михајлова да отиде во телевизија – тогаш имаше само една – и пред „Во светот и кај нас“ да ја објави веста. Отидовме во Народното собрание со неговата кола. Тој влезе во салата и замоли да биде сослушан. Нема да заборавам кога рече: „ Денес владата на Република Бугарија ги призна републиките: Словенија, Македонија …. “. Кога слушнаа „Македонија“, пратениците од мнозинството на СДС станаа и почнаа да викаат „јунаци“, „браво, Бугарија“ . Од опозицијата – БСП- беа малку стаписани, некои ракоплескааа, други не знаеја што да прават. Од ДПС веста ја примија позитивно. Потоа за време на расправата Филип Боков од БСП стана и соодветно праша – а каде е министерот за надворешни работи? Тие беа почувствувале дека има конфликт во Владата по ова прашање. Но во кулоарите сите пратеници веќе се собраа и беа многу возбудени. Потоа отидов во студиото на БНТ и заедно со покојниот историчар, професор Николај Генчев, учествувавме во една тв емисија. Тој беше многу возбуден и рече –  „момче мое , ништо друго да не направи оваа влада, со тоа ќе остане во историјата. Тоа е големо дело!“

Имаше ли „трка“ меѓу претседателот Желев и владата кој прв да го објави признавањето на Македонија? Во „Во светот и кај нас“ првата вест беше тоа признавање, но соопштена во живо од претседателот. Воопшто имаше ли координација меѓу „Дондуков“ 1 и 2?

– Имаше. По ова прашање немаше несогласувања меѓу претседателот и премиерот. Седницата на Министерскиот совет беше прекината во еден момент, бидејќи претседателот Желев свика Националниот совет за безбедност и ја поддржи експлицитно одлуката за признавањето, против беше тогашниот потпретседател генерал Атанас Семерджиев. Уставно право да се донесуваат одлуки има токму Владата и на премиерот Филип Димитров паѓа историската заслуга за оваа одлука.

А зошто министерот за надворешни работи Стојан Ганев беше против?

– Тој беше во конфликт со премиерот и со претседателот, не беше подготвен за оваа должност, и тој беше свесен за тоа, но беше многу амбициозен и реагираше глупаво, според мене. Крена скандал во кабинетот на Филип Димитров кога се врати истата вечер од Германија и бидејќи беше претставник на едно од прилично највлијателните крила во СДС, се создаде опасност од криза во владата, а подоцна и јас дадов оставка и заминав амбасадор во Италија. Но не жалам ниту за момент за одлуката што ја донесовме тогаш, бидејќи беше  правилна, обезбеди мир барем во овој дел на Балканот и го отвори европскиот пат на Бугарија. Бидејќи им покажавме на нашите европски партнери дека сме европска земја, која се однесува европски.

Точно ли е дека Вие сте рекле дека имате информации дека Турција има намера да ја признае Македонија и тоа ја забрза одлуката на Владата?

– Со Турција имавме прелиминарни разговори, од кои стана јасно дека таа исто така ќе ги признае четирите републики, но ставаше акцент повеќе на Босна, а ние – повеќе на Македонија. Но ние не можевме да знаеме кога точно Турција ќе ги признае, ниту пак тие знаеја кога ќе го направиме ние. На крајот тие признаа четири поранешни југословенски републики, дваесетина дена подоцна од нас, бидејќи почекаа да се реализира една однапред предвидена посета на претседателот Демирел во Белград и не сакаа да создадат тензии со Србија пред оваа посета. Потоа, како што се бевме договориле, и таа ги призна четирите републики, што беше многу позитивно. Следната заслуга на Бугарија во однос на меѓународното признавање на Македонија и другите три беше тоа дека по барање на претседателот Желев тогашниот руски претседател Борис Елцин ја призна Македонија буквално од авионот, откако беше полетал по официјалната посета на Софија.

Како ги оценувате бугарско-македонските односи денес, 20 години подоцна?

– Проблемот на овие односи се предрасудите од минатото, недостатокот на информации главно од македонска страна. Но она што се забележува е дека граѓаните на двете земји се повеќе комуницираат едни со други и само животот може да ги надмине овие свесно создадени предрасуди. Работите можеби не се подобруваат толку брзо како што би сакале, но се подобруваат и всушност се случува она што ние го предвидувавме тогаш – дека одговор на сите овие векови проблеми е европската интеграција. Се разбира, во Македонија сеуште има кругови кои се поставени против Бугарија кои следат една стара југословенска линија на демонизирање на Бугарија. Но моите впечатоци се дека се повеќе луѓе и особено младите гледаат дека Бугарија е една европска земја, членка на ЕУ и НАТО, во многу односи е пример за Македонија и тоа е она што ќе ги реши конечно работите. Животот е посилен. Но политичкото решение на Бугарија пред 20 години всушност ги создаде предусловите овој процес да се одвива. Инаку, замислете, ако во Бугарија постоеше една ограничен политика кон Македонија, тоа само ќе дадеше храна на антибугарските кругови во Скопје, какви што има многу – да кажат еве, ова е непријателот, тој сака да не окупира … А вистината е токму спротивна – Бугарија ја поддржува Македонија многу искрено и доследно. Самото постоење на независната македонска држава е едно од најубавите нешта што се случија на Балканот во последните векови. Ова е одговорот на вековните конфликти. Да искористам една фудбалска метафора – натпреварот е нерешен. Инаку низ вековите ту Бугарија води, ту Србија, ту Грција. А сега веќе судијата го означил крајот на натпреварот, резултатот е 1: 1 и сите се задоволни. Време е да размислуваме за економија, работни места, култура, за она што го интересира обичниот човек и во Бугарија и во Македонија. Сметам дека Македонија треба да ја напушти оваа антибугарска реторика, која се појавува на моменти, бидејќи таа не личи на една земја иден член на ЕУ. Европската интеграција е создадена за да ги остави во минатото таквите ставови.

Но кај нас веќе се слушаат гласови дека поради оваа антибугарска реторика Бугарија треба да стави вето на европското членството?

– Треба да ги натераме да запрат со оваа реторика, бидејќи тоа не е европско однесување. Ние сепак сме поголемата, позрелата и силната земја и треба да покажеме одредена доза на великодушност, но и во наш интерес е Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ. Но мислам дека со текот на времето барем официјална Македонија постепено ќе ја напушти антибугарската реторика. Секогаш сум имал многу добри односи со македонските колеги, каде и да сум бил …

На кој јазик разговарате?

– На родниот јазик без никакви проблеми. На пример мој колега во ОН беше поранешниот македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим, кој подоцна стана и претседател на Генералното собрание на ОН, многу истакнат дипломат. Тој е од Ресен, со него сме зборувале дека во денешна Македонија е многу жално што не се знае за еден голем ресенчанец каков што е Симеон Радев. Тие многу губат што во нивната култура го нема европскиот писател како Димитар Талев. Ако има напишани ремек дела за Македонија од 19-ти и почетокот на 20-ти век, тоа се  разбира е тетралогијата на Талев. Но тоа е друг разговор. На политичко и државно ниво сметам, дека односите се добри, а почва за тоа даде зрелиот одност на новата демократска Бугарија кон Македонија.

Указ на Елцин од авионот

Во летото 1992 година, на покана на претседателот Жељо Желев во Софија пристигна рускиот претседател Борис Елцин, придружуван од министрите за надворешни работи Андреј Козирев и одбрана генерал Павел Грачов. Елцин му беше должник на Желев – нашиот претседател прв ја призна Русија уште во рамките на СССР и прв го осуди пучот од август 1991 година.

Вечерта Желев вечераше со Елцин во резиденција „Лозенец“. Борис Николаевич сепак ја „нагласуваше“ водката и покрај молбите на неговата сопруга Наина да јаде нешто.

Елцин покажува дека не го заборавил стореното од Желев и го прашува што може да направи за него. „Да ја признаете Македонија“ – одговара веднаш нашиот претседател. Елцин се согласува и му нареди на министерот за надворешни работи Козирев да пишува указ. Козирев се обидува да приговара дека со овој чин ќе бидат лути Грците, но Елцин инсистира. Тогаш Козирев го вади последниот адут – државниот печат е во претседателскиот авион. Борис Николаевич се врти кон Желев и го смирува: „Утре наутро на аеродромот ќе одржиме  прес конференција, јас ќе објавам дека Русија ја признава Македонија, а указот ќе го испратам од авионот штом полетаме“. Така и се случува – 10 минути по качувањето на авионот во Софија на пат за Москва, Елцин го потпишува признавањето на Република Македонија од Руската федерација и тоа со  непроменето име за соседната ни земја.

Пред две години на 15 јануари, точно 18 години откако Бугарија прва во светот ја призна Македонија и на тој начин се отвори патот за меѓународното признавање на поранешната југословенска република, во Скопје.

 Жељо Желев беше одликуван со највисокото македонско државно одликување – орденот „Осми септември“.

Врачувајки го орденот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов рече: „Претседателот Жељо Желев е голем и докажан пријател на Република Македонија. Македонија и македонските граѓани никогаш нема да ја заборават подадената рака од Бугарија, а Жељо Желев беше клучна фигура за признавањето“.

You May Also Like