Зближување, а не разединување

Новоизбраниот претседател на Бугарија, г-динот Радев, веднаш по официјалното објавување на резултатите од изборите, запрашан за односите со Македонија, кажа

„ Македонија е сосед и пријателска земја на Бугарија, и го истакна очекувањето за што поскорешно потпишување на билатералниот договор за добрососедство и соработка меѓу двете земји“.

Впрочем, и сите свесни луѓе во државава знаат оти нашиот источен сосед, уште од независноста па наваму, имал најконструктивен и најпринципиелен однос како држава кон Македонија, најмногу придонесувајќи од сите соседи, за зачувување на нашата целовитост, територијален интегритет и социјален мир во земјава.

Очекувам и од наша страна, после сите изборни премрежја, идната влада да поработи за подобрување, но во последно време влошените односи меѓу двете земји. Факт е, одредени структури во државава, долго време работат на тоа, односите да останат статус-кво, па од петни жили се обидуваат да испровоцираат конфликти помеѓу двете страни, преку негирање и дезинформирање за настани, личности, од не така далечната историја, и пласирање лаги на таа тема.

Редно време е, да ги оставиме овие теми да ги решаваат научните институции од двете држави, кои во последниов период имаат многу позачестени средби и поширока соработка, а не владата и други структури, да се инфилтрираат преку разни пропагандни гласила и личности, кои немаат допирна точка со проблематиката. Впрочем, после падот на комунизмот, Македонија е можеби единствената држава од посткомунистичките, која нема направено ревизија на својата историја, инаку во поранешниот систем наполнета со лаги, измислици и дезинформации. Можеби предоцна, но имаме можност тоа да го направиме, во содејство со научни институти, без државна нарачка и интервенционизам.

Идната влада пак, треба и мора да работи на подобрување на трговската размена меѓу двете земји, проширување на соработката во повеќе области, како и многу поефикасно искористување на средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Исто така, Македонија треба да се фокусира и на инфраструктурниот дел, односно на патничкото и железничкото поврзување со својот источен сосед, кое што во моментов е во очајна состојба, и не доликува за една земја кандидат за ЕУ. Само на тој начин, со повеќе бизнис релации, подобрување на сообраќајните врски, почести државнички средби, може да ги подобриме односите и да го зајакнеме пријателството. На никој од двете страни не му одговараат влошени односи и антагонизам меѓу две особено блиски држави . Всушност, на Македонија во наредните искушенија што и следуваат на патот кон НАТО и ЕУ, Бугарија ќе и биде најпотребна, како најголем поддржувач, лобист и гарант за нашата земја. Без помош и поддршка од Бугарија, и онака трнливиот пат по кој газиме кон евро-атлантската траса, ќе биде ѓаволски тежок.

 

Горан Сами е роден на 05.09.1984 година.

Живее во Кавадарци

Образование: Славјански Универзитет, Софија.

Политички науки, баклавар по меѓународни односи.

На собранието оддржано на 09.10.2016 год. Горан Сами беше избран за член на надзорен одбор на МБП.

 

 

Поврзани вести