Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” МБП-Кавадарци заедно со претседателот Иван Ставров, секретарот Горан Сами и членови од здружението, на ден 30.07. 2016 год., (сабота), спроведе акција за уредување на воениот споменик од Првата светска војна кај Дреново, на местото на тогашната воено -полска болница, во чест и спомен на 193 бугарски војници кои се погребани во блиската околина.
Споменикот се наоѓа на приватен земјоделски имот и 95 години е под заштита од неговите сопственици.
Истотака, сакаме да апелираме до надлежните служби, при изградбата на новиот пат кој минува непосредно до овој значаен монумент, да се внимава да не дојде до негово оштетување, односно споменикот да биде зачуван како сведок на еден трагичен настан од овдешната историја, како и да се овозможи многу полесен достап за граѓаните кои сакаат да го посетат.
Ние, како здружение ќе се заложиме во иднина, со секаква иницијатива, на властите од двете држави за облагородување на просторот околу споменикот и негово одржување. Ние како здружение сметаме дека споменикот во моментов е неправедно заборавен и изоставен.