Претседателката на МБП во работа посета во Бугарија

Народните представници од Патриотичниот фронт се сретнаа со националниот претседател на здружението на граѓани за Македонско Бугарско Пријателство, Маринела Петреска.

Претседателката ја посети зградата на Народното собрание и оствари разговор со заменик претседтелот на Комисијата по политиките за бугарите во туѓина, Јулијан Ангелов, со заменикот претседателот на Комисијата по образование доц. Милен Михов и со заменик претседателот на парламентарната група на Патриотичниот фронт Искрен Веселинов.

Петреска ги запозна со актуелтната дејност на здружението и ги представи нејзините очекувањата, а Патриотите ја уверија за нивната подршка и  соработка.

Народните представници од Патриотичниот фронт ја поздравија Петреска за нејзината иницијатива  и дејност со здружението за последните 5 години и се обврзаа за помош и во иднина.

Покрај основните дејности на здружението е и одбележувањето на историските и  културните настани на Бугарија и Македонија.

По повод ослободувањето од турското ропство Петреска, со група ученици од Битола присуствуваше на чествувањето во Брисел.

Поврзани вести