Средба на текстилни компании од Македонија и Бугарија

Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер од Штип и Здружението „Гранкова организација за текстил и облека” од Ќустендил денеска ја одржаа првата работна средба во рамки на  проектот  „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ“ по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Во рамки на настанот, што се оддржува во Штип, за членките на текстилните кластери од двете земји, денеска и утре се организира и работилница на тема „Креирање визија за регионот”. Предавачи на обуката ќе бидат експерти од компанијата УМФ Тренинг.

Организаторите наведуваат дека целта на работилницата е креирање регионална визија за компаниите од индустријата и составување регионален одбор за развој на регионот, преку идентификување на мислењата на претставниците на текстилните компании од Македонија и Бугарија за моменталната состојба во секторот во пограничниот регион.

Во текот на работните средби ќе се дефинираат и „Регионални точки на различност”, за да се укаже на спецификите на регионот со кои тој се разликува од останатите и како ќе се презентира на пазарите.

Поврзани вести