МБП со честитки за новата влада во Република Бугарија

Поздравителна телеграма до новиот премиер на Р.Бугарија, г-н Бојко Борисов и заменик премиерот и министер за одбрана на Р. Бугарија, г-н Красимир Каракачанов.

 

Почитувани,

Од името на сите членови и симпатизери на здружението за „Македонско-Бугарско Пријателство“ би сакале да Ве поздравиме за вашиот избор на овие одговорни функции. Пред Вас стои огромна одговорност, а имено борбата за подобар живот за бугарските граѓани.

Ви пожелуваме пред се здравје и истрајност во преземените од Вас чекори, за подобрување на положбата на граѓаните на Република Бугарија, во границите на државата, а и надвор од неа. Ви посакуваме успеси на секое поле и се надеваме дека Бугарија ќе остане гарант за евроатлантската интеграција на нашата Р. Македонија. Нашата држава има потреба од Вашата поддршка.

 

Со почит,

Петар Колев,

претседател на Здружение за „Македонско-Бугарско пријателство“

4. мај 2017 г.

You May Also Like