МБП распишува конкурс по повод денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

По повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, Здружението за Македонско – Бугарско пријателство,  втора година по ред распишува награден уметнички и литературен конкурс на тема:

„Солунските браќа сонце на словенските народи“.

Ракописите во форма на поезија или проза да се испратат по електронска пошта: konkurs@mbp.com.mk, а уметничките дела да се достават најдоцна до 20.05.2016 год.во просториите на здружението.

Ги повикуваме сите ученици од основните и средни училишта, како и сите заинтересирани да земат учество.

Изборот за најдобро дело на темата ќе се одржи на 24.05.2016 год. во Кичево, ресторан Куќа на уметноста, во  14.00 часот, а здружението ќе додели три награди за најдобрите дела и тоа:

  • Првата за најдобар текст е таблет,
  • за второ место мобилен телефон и
  • трето место  дигитален фотоапарат.

Со почит,

Македонко-Бугарско Пријателство

Поврзани вести