Отворен Кочанскиот огранок

Во неделата на 27.03.2016 год., во присуство на голем број гости и пријатели, во Кочани беше отворен огранок на Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“.

На свеченоста свое обраќање до присутните имаше претседателката Маринела Петреска, која укажа на значењето од активностите на ова здружение за граѓаните на град Кочани, како и на важноста од градењето на пријателство помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија преку едно вакво здружување.

Гостите ги поздрави и претседателот на огранокот во Кочани, Симеон Арсов, кој посочи дека со многу работа и љубов ќе одговори на сите предизвици и  активности. Љупчо Илиев ќе ја извршува функцијата Потпретседател, а за секретар е именуван Александар Димитровски.

Канцеларијата ќе работи од Понеделник до Петок од 11:00 до 17:00 часот.

 

You May Also Like