Македонија, Бугарија и Албанија формираа регионален филмски фонд

Балканската филмска продукција добива нов извор на поддршка. Во Битола потпишан е меморандум за формирање на првиот регионален меѓудржавен филмски фонд „Balkan Cinema Sities“, помеѓу Бугарија, Албанија и Македонија. Во него партиципираат Софија, Тирана, Битола, Пловдив и Корча, градовите кои  во минатото создавале многу филмски дела и се препознатливи по значајните интернационални фестивали. Фондот кој иницијално првата година ќе располага со околу 150.000 евра трба да даде силна подршка на продукциите што ќе се снимаат во регионите на земјите обединети во оваа платформа.

„Од идната година сите оние што во нашата земја се дел од филмската индустрија ке имаат можност да користаат нови средстства, а со тоа индирекно да влијаат и на економските фактори на државата“, вели директорот на бугарскиот Национален филмски центар, Камен Балкански.

„Со создавањето на оваа мрежа ни се отвараат вратите да дојдеме поблиску и до некои други европски фондови“, вели директорот на албанската кинематографија, Илир Бутка.

„Очекувам со овој фонд да се зголеми интересот на балканските земји за снимање филмови во Македонија, имајќи ги во предвид и сите олеснителни околности што се нудат со нашите правни прописи“, рече Мими Ѓоргоска Илиоска, директор на македонската Агенција за филм.

Едногласнао беше донесена одлуката Центарот на „Balkan Cinema Cities“ да биде во Битола, како уште едно признание кон пионерите на балканската филмска уметност.

„Ќе се обидеме да направиме една добра регионална основа за сите идни филмаџии“ вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

„Мило ми е што како филмски фестивал можеме да партиципираме“, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Таки Николов.

Оваа платформа веќе подржала неколку копродукциски филмови кои ќе бидат готови до година. Во следниот период главно ќе дава поддршка на млади режисери и филмови со буџет до 500.000 евра.

You May Also Like