Бугаринот Владимир Којлазов доби Оскар за целосен придонес кон кинематографијата

Бугариja го доби  својот прв Оскаровец.  Владимир Којлазов ја доби наградата Оскар за неговиот придонес во развојот на филмската индустрија, објави  Американската филмска академија. Тој ја подели наградата со својот деловен партнер Петар Митев. Нивната компанија Chaos Group има развиено најчесто користената во светот  на киното технологија за 3D визуелизација – V-Ray.
                “Би сакал да ја искористам можноста да им се заблагодарам на сите од нашиот тим, со кои во текот на годините го создадовме и усовршување системот V-Ray. Без нивната работа немаше да го постигнеме овој успех “, изјави Којлазов.
                Оскарите за технологија се доделуваат  две недели пред наградите на филмската академија (церемонијата ќе се одржи на 26 февруари во “Долби театар” во Холивуд) За разлика од филмските Оскари, наградите за технологија не се доделуваат за достигнувања во конкретната година, а за целосен придонес во развојот на кинематографијата.  “Оскар” е номиниран и уште еден Бугарин – Теодор Ушев за анимираниот краткометражен филм „Слепата Влајша“.

“Аватар”, “Игра на тронови”, “Дедпул”, “300” и стотици други филмови се изработени со софтверот на бугарската фирма Chaos Group. Фирмата е основана кон крајот на 90-тите од Владимир Којлазов и Петар Митев, а првата верзија на V-Ray е од 2002 година Тоа е и главниот производ на Chaos Group, која денес има канцеларии во Софија, Балтимор, Лос Анџелес, Сеул и Токио. Во канцеларијата на компанијата во Бугарија работат над 200 специјалисти во сферата на компјутерската графика и визуелните ефекти.

You May Also Like