По повод Денот на храброста и празникот на Бугарската армија кои традиционално се одбележуваат на 6-ти мај уште од 1880 година, Амбасадата на Република Бугарија организираше прием за дипломатскиот кор и воените претставници акредитирани во Република Македонија.
Почитувањето на воената традиција и благодарноста кон мажите и жените во униформата на Бугарската армија претставува должно внимание и неодминлив дел од празничниот календар на соседна Бугарија.
Од име на МБП, искрени честитки и нека е вечен Денот!