Конструкција од 72 933 празни стаклени шишиња, наредени во форма на фигура, беше запишана во “Гинисовата книга на рекорди”.
Фигурата се протега на 250 метри квадратни, тежи близо 19 тони и на неа е испишан зборот “Бугарија”. За локација на ова уметичко дело беше избран фудбалскиот терен на спортскиот комплекс “Камчија” крај Варна.
Работата на огромната фигура одзеде 2 часа и 20 минути, а во во нејзината изработка учествуваа повеќе од 550 вработени во компанијата “Кока-Кола”, Бугарија. Изработката на мозаикот беше внимателно надгледувано од претставници на Гинисовата книга на рекорди. Новиот рекорд за 10 пати го подобри претходниот таков, направен во Токио во 2014 г. Учесниците во создавањето на мозаикот организираа и кампања за собирање средства за поддршка на иницијативата “Варна – Европски младински главен град 2017”.