Запознајте го најхуманиот свештеник на Бугарската црква кој се грижи за 240 бездомници

Отец Иван е свештеникот на Бугарската православна црква од Видинската епархија кој ги собра сите пофалби за еден од најголемите хуманисти и заштитници на бездомници, пишува бугарскиот весник „Труд“

Откако пред неколку години згрижил 240 бездомници, мажи жени и деца и тоа во објекти кои тој лично ги закупил во општина Јакимово, сега почнува иницијатива за изградба на духовно школо за веронаука на девојчињата бездомници.

Локалната самоуправа му ја отстапила старата руинирана училишна зграда, во која девојчињата од заедницата на свештеникот и од околината ќе можат да учат веронаука, два западни јазика и медицинска помош. Ќе научат да помагаат во болници и домови.

Заедницата на бездомници, што овој свештеник ја основал и за која се грижи сега одгледува животни, произведува овошје и зеленчук.

-Над 100 од ова „семејство“, од оваа заедница се деца и повеќето се девојчиња. Тоа ме поттикнам кон идејата да направиме духовна семинарија во која ќе ги подготвиме да бидат корисни и за себе и за општеството, изјавил свештеникот.

Но отстапената зграда не е доволна за да се реализира идејата на Отец Иван. Потребна не нејзина темелна реконструкција за која се потребни околу 500.000 лева, или 250.000 евра. За да се обезбедат овие средства, свештеникот покренува и иницијатива за донации.

Инаку, поради големата посветеност во служба на православната вера, минатата година Отец Иван е ракоположен за Архимандрит на БПЦ.

You May Also Like