На ден 23.07.2016 година, во просториите на МБП „Максим Костов“ од Кичево, беше остварена средба помеѓу нашите претставници и претставниците од град Мездра и тоа: Претседателот на општинските совети на Република Бугарија, господин Делјан Дамјановски и Претседателот на општинскиот совет на град Мездра, господин Красимир Тодоров.
На средбата беше разгледана општествено – политичката состојба во град Кичево, како и економската и социјалната состојба. Беа предложени и разгледани бизнис идеи за економски соработка помеѓу нашите градови и земји. Гостите со голема восхит ни обзнанија дека во градот Мездра има значителен број на бегалци населени од градот Кичево и околината за време на Балканските војни и Првата светска војна. Повеќе од половината од населението на Мездра се преселеници од град Кичево и околината. До 9 септември 1944 г. постоело културно-просветно здружение, кое го носело името на прославениот кичевски војвода Јордан Пиперката.
Исто така треба да се напомене дека градот Кичево е побратимен град со градот Враца. Исто така во областа Враца, спаѓа и градот Мездра.
Гостите ги разгледаа културно-историските и духовните знаменитости на град Кичево и кичевско. Особено беа задоволни од посетата на еден од најзнаменитите духовни одредишта во кичевско, манастирот „Св. Богородица пречиста“.
Здружението Македонско – Бугарско пријателство „Максим Костов“ – Кичево, е официјално покането од претставниците на град Мездра да биде гостин за време на чествувањето по повод Илинденско – Преображденско востание и за време на „Ботевите денови“.
МБП се заблагодари за посетата на нашите пријатели и сограѓани од град Мездра со желби за идна соработка.