Nobody expects the Spanish Inquisition!?

Michael Palin, 1970

        Џејсон Мико го запознав во далечната 2001-ва година. Тогаш во кабинетот на Претседателот Трајковски неретко можеа да се сретнат и добронамерни и помалку добронамерни “патници”. Впрочем таквите патници, беа насекаде низ земјава. Некои беа поканети од неговиот кабинет, некои од владата, а некои и денеска немам претстава кој ги покани. Тој тогаш за мене беше само уште еден од редот кој “ја повикуваше мојата земја на разум”, јас пак, секако во неговите очи, бев уште еден “закоравен националист кој се пали на крв”. Тој алудираше на “христијанската сомилост” jac на правото да се користат вооружените сили на Република Македонија за да се заштитат уставно-правниот поредок и безбедноста на граѓаните.

Се разбира, истовремено, печатот кој тогаш не беше спонзориран од владини институции или владини “деловни” партнери, секојдневно не напаѓаше дека или “бугарските тенкови ви се расипани” или “доста глумите војна, вратете ги децата дома, мајки излезете на улица…” и сл. Тогаш АРМ и МО дадоа толку колку што можеа. Колку трупните старешини беа подалеку од ГШ на АРМ, толку беа поефикасни.

Колку цивилите ја држеа политиката внатре во кабинетот на министерот за одбрана, министерството ја извршуваше својата функција. Сите знаеме како заврши “воениот конфликт”. Тоа е минато. Неможеме да го промениме. Освен кога “државните хроничари”ке добијат задача да не потсетат какви Сцили и Харидби демнат над нас и колку сме среќни што провидението ни ги “испрати”пуританциве. 

        Се воспостави “хармонија во односите” на оние кои промовираа сомилост, со оние кои секојдневно ревеа низ печатот за “фингерај”. Следните неколку години јавноста од време навреме беше забавувана со помали скандали, истовремено, “чуварите”  на јавниот мир полека се групираа околу новиот “крал”. Конечно, во 2006-та радосно крикнаа-Кралот е мртов, да живее кралот!

        Неколку години се разместуваа низ разни редакции и владини институции, помагаа во промената на сопственичката структура на медиумите, учествуваа во промоцијата на “новите пуританци” , секојдневно објавуваа химни за непогрешливоста на водачот, а денеска дел од нив зачудено штрајкуваат пред од што многу одамна беше “Дневник” од чии страници денеска ни се обраќа Џејсон Мико.

И ни порачува…

За вљубениците во Втората светска војна, а такви меѓу “државните мудреци” има неколку, им препорачувам да го прегледаат изданието на The Observer, 7 September 1941

Чудно, но и германските окупациски сили во и окупираната  и во Вишиевата Франција, ги охрабруваат франзузите да одат по ноќните клубови, уметниците да пишуваат драми, индустријалците да ги развиваат своите индустриски капацитети, Париз ке биде туристичка дестинација бр.1 за војниците на Рајхот- навистина, се согласувам дека животот продолжува и така треба.

 

https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE99_a.html Како што е редот, она што не се прави дење, не проблем да се направи навечер! 

Затечени и зафатени околу раскинувањето на пленот широкоградо препуштен од Водачот, веројатно не е за изненадување, но, како да ја прескокнале 2008-та и хроничарите и пријателите на “најпуританската влада” од сите влади. И сосема во духот на современата македонска историографија, онаа во која востанијата се или прерано кренати, или делегатите предоцна  известени, криејки се невешто зад искреното незнаење на добар дел од приврзаниците кои бројат денови викајки пред владата во која понекогаш е сместена една од марионетите на АД.ДПМНЕ&ДУИ , повикуваат, бараат крв, но ке им каже ли конечно некој дека треба да се внимава што се посакува, можеби ке им се оствари желбата!?

 

Пишува

Ѓорѓи Трендафилов

You May Also Like