МБП РАСПИШУВА КОНКУРС ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

        По повод 24 мај – Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, здружението за Македонско – Бугарско пријателство,  трета година по ред распишува награден уметнички и литературен конкурс на тема:

 

Солунските браќа сонце на словенските народи.

 

Ракописите во форма на поезија или проза да се испратат по електронска пошта: konkurs@mbp.com.mk, најдоцна до 22.05.2017 година.

Здружението оваа година ќе додели 4 награди:

  • за прво и второ место ќе биде доделен таблет, а
  • трето и четврто место, мобилен телефон.

 

Ги повикуваме сите ученици од основните и средни училишта, како и сите заинтересирани да земат учество. Изборот за најдобри дела на темата ќе се одржи на 24.05.2017 год. во Кичево, Куќа на уметноста, во 14 часот.

 

Со почит,

Македонко-Бугарско Пријателство

You May Also Like