Во Кичево МБП го одбележа 24 Мај – Денот на сесловенските просветителите

По втор пат огранокот на Здружението „Македонско – Бугарско пријателство“ од Кичево организираше награден уметнички и литературен конкурс по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Темата на конкурсот беше: „Солунските браќа – сонце на словенските народи“.

Учество зедоа ученици од основни и средни училишта од Кичево, Прилеп и Гостивар и тоа:

  • ОУ Кузман Јосифоски – Питу од Кичево;
  • ОУ Санде Штерјоски од Кичево;
  • ОУ Климент Охридски од Прилеп;
  • ОУ Гоце Делчев од Прилеп;
  • ОУ Блаже Конески од Прилеп и
  • ОУ Мустафа Кемал Ататурк од Гостивар.

Комисијата за избор на најдобрите дела ја имаше најтешката задача на овој конкурс. Во нејзиниот состав беа:

– Љупка Серафимоска, професор по македонски јазик и Претседател на комисијата;

– Сузана Кузманоска, професор по македонски јазик;

– Димче Петкоски, професор по филозофија;

– Ацо Нестороски, магистер по евроинтеграции;

– Саша Петкоски, уметник.

Првонаградена беше Бојана Велјаноска од ОУ Кузман Јосифоски – Питу од Кичево, а наградата таблет ѝ ја додели генералниот конзул на Р. Бугарија, г. Теодор Русинов.

Втората награда, дигитален фотоапарат, ја доби Офелија Настеска од ОУ Гоце Делчев од Прилеп, а ѝ беше врачена од претседателката на здружението г-ѓа Маринела Петреска.

Третата награда, мобилен телефон, ја доби Леон Бунтески од ОУ Климент Охридски од Прилеп, а му беше врачена од членот на комисијата, проф. Сузана Кузманоска.

Сите останати ученици за своето учество на конкурсот добија благодарница и книга: Софија Гешоска, Петар Рујаноски, Анета Здравеска, Ангела Петреска, Ива Фиданоска, Бобо Грозданоски, Виктор Софрониески, Петар Трипуноски, Филип Матески, Стефан Јоциќ, Филип Нестороски, Софија Петкоска, Давид Петкоски, Давид Србиноски, Димитар Магденоски, Стојан Стојаноски, Михаил Радески, Емилија Кировска, Симона Неделкоска и Адамс едукација.

По врачувањето на наградите беше прикажана видео презентација на тема „Св. Кирил и Методиј“, а веднаш потоа сите заедно наздравија на пригоден коктел.

Од Здружението „Македонско – Бугарско пријателство“ се заблагодарија за учеството на сите ученици, како и за посетата на гостите од сите градови и истакнаа дека и во иднина ќе продолжат да го одбележуваат 24 мај како важен датум за сите нас.

 

You May Also Like