Венко Марковски, живот и дело

Вениамин Миланов Тошев е бугарски и македонски писател, основоположник на македонската литература. Во литературата и историјата познат по псевдонимот Венко Марковски, кој му е даден од Теодор Трајанов, академик на БАН од 1979 год.

Марковски е роден на 5 март 1915 год. во Скопје, во времето на првата светска војна. Семејството му потекнува од град Велес, а сестра му Параскева Тошева е една од основателките на тајната културно-просветна организација .

12358485_540141026150267_2101037784_nФолклористот и општественик Коста Црнушанов пишува за неговото семејство,  за влијанието на Иван Вазов, Петко Славејков, Пејо Јаворов, Кирил Христов, зборникот на браќата Миладинови врз младиот Марковски.

Во 1934 год, Венко Марковски е затворен и исклучен од србската гимназија за против-државна дејност. Младиот Венко паѓа во немилост на властите, а во 1937 год, од како извесно време се крие во Белград, тој пристигнува во Бугарија. Учи славјанска филологија во Софискиот универзитет. Уште со пристигнувањето во Софија, младиот поет е забележан од македонската емиграција.

12358008_540207069476996_1266264992_nВисоко е наградена неговата творба „Акорди на вечността. Данте Алигиери“ (сонетен венец). Теодор Трајанов забележува, дека

„…сонетниот венец на младиот Венко Марковски е навистина едно успешно поетско достигнување…“

 Проследуван e уште од првата книга на поетот, „Народни бигори“ (1938), чиј предговор е напишан од академик Стефан Младенов, кој што споменува

 „… българското открай време Скопие ни дава един поет, който пише еднакво свободно и на своя роден южно-скопско-велешки говор, и на общобългарския литературен език.“

Во 1941 год. станува член на БКП (Бугарска Комунистичка Партија). Од 1945 до 1949 год. е народен представник во Скупштината (сојузно собрание) во Белград и покасно пратеник во Народното собрание на Народна Република Македонија.

    “Од един народ ние создадовме два народа. Од еден јазик направивме два. Во името на вистината браневме заблуди. Стар јарем разбивавме. Ковавме нов омот. Над Бугарија без жал го делевме небесниот свод. Одвраќавме поглед од мајка со мајчинско слово… “

 („Предания заветни“, песна втора)

Интелектуалецот длабоко во себеси не може да го прими бруталниот дух, како  „… владеј во Повардарието“. Проследувањата, следењата, лишењата од слобода и малтретирањата над невинни луѓе, обвинувани од новата власт, дека се „бугараши“ и „фашисти“; насилието над вистината за историските случувања, процеси, личности… Просветлението за поетот настапува имено низ словото (зборот), јазикот, азбуката…

12380149_540140092817027_727310084_nМарковски е член на првата јазична комисија. Участвува во заседанијата на АСНОМ и во работните комисии, за создавањето на македонскиот литературен јазик и во кодифицирањето на литературниот, книжевен, јазик и новата македонска азбука. Буквата „Ъ“ (ер големо), за која што Марковски се бори во јазичната комисија, во изработената „македонска азбука“, е одфрлена од ЦК на југословенската комунистичка партија.

(седнати) Ристо Проданов, Георги Киселинов и Георги Шоптрајнов, (првиот ред простум) Васил Илјоски, Крум Тошев и Венко Марковски, (втори ред) Христо Зографов, Даре Џамбаз, Мирко Павловски, Михајло Петрушевски и најдесно Јован Костовски.

Постепено творецот запаѓа во изолација, верен на комунистичките разбирања и идеализми, Марковски не го прима подчинувањето на Тито со Сталин, на Југославија со СССР и другите комунистички држави, вклучително и Бугарија. Заради поемата „Сувремени парадокси“ в 1955 година е осуден и од 1956 год. до 1961 год. лежи в логорот Голи Оток.

12380384_540148519482851_1924743991_nСамиот Марковски пишува:

 „ Таа некогашна земја на честта – сега е сведена на страв нечуен и невиден геноцид.“

Во мемоаријална серија на Колумбискиот универзитет во Њујорк се публикувани спомените на Венко Марковски за Голи Оток – „Островот на смртта“, со кои тој ги изненадува властите не само во Македонија, туку и во Бугарија. Книгата е преведена на македонски литературен јазик и издадена во Скопје 2009 год.

Младен Србиновски во пиесата “Македонскиот Фауст” го пресоздал (пренесол) тој момент од биографијата на поетот во една оригинална сцена — средбата на Марковски со Лазар Колишевски. Во својство на својата каста, со “татковско” високомерие, партискиот раководител изјавува:

“Види, Марковски, ти си наш човек… Партијата го уважува твоето творештво и се, што си направил за Македонија, но не може да проголта… па дури и кога станува прашање за големиот Венко… Имаш и големи гревови, и големи заслуги. Зошто продлжуваш по старото?… Од тебе се бара откриена самокритика за целото поведение и за навредите, кои си ги нанесол на партијата, на Македонија и на социализмот… Добива  статут на државен поет со сите привилегии: автомобил, шофер….“

(Младен Сърбиновски. Македонският Фауст. София, изд. „Труд“, 1997)

 Како дополнение  на Колишевски една од хероините во истата пиеса („Активистката“)

 „… не можеме да ги одвикнаме младите от неговите песни (…), затоа тој се престорил во мит…“

Но убеденоста на властите, дека поетот сам ќе го разруши митот за себеси и ќе премине од ново во „правилната насока“ наидоа на камен.

Венко Марковски успева да најде прибежиште во Бугарија. Во 1965 год. Марковски се преселува во Бугарија.

Во 1968 год. од СФРЈ во Бугарија,  со своите семејства се преселуваат и неговите син и ќерка.

“Кон височините патот со трње е покриен. Голготата се храни со маки и ридања (оплакувања-редења). Ликот на вистината е со лаги обвиен”

12312322_540141142816922_1455520659_n

Така започнува една стихотворба на Венко Марковски во книгата „Истината е жестока“ (1968). „Кръвта вода не става“ покажува Венко Марковски имено со стиховите како борец за вистината.

Венко Марковски е татко на писателот Миле Марковски и пиjанистката Султана Марковска, дедо на Игор Марковски и Вени Марковски.  Носител на Димитровска награда.

You May Also Like