МБП зеде учество во проектот: “Толеранција и солидарноста – средство за надминување на стереотипите меѓу младите”

Во периодот 4 – 10 јули 2016 година, во хотел Банкја Палас, град Софија, Фондацијата „Българска Памет“ го реализираше проектот: “Толеранцијата и солидарноста – средство за надминување на стереотипите меѓу младите” по програмата “Еразмус +” на кој активно учествуваше и здружението Македонско – Бугарско Пријателство.

За време на прес-конференција, ја промовира основната цел на проектот, имено развојот на младите на возраст меѓу 16 и 20 години од Република Бугарија, Република Македонија и Република Молдавија, да можат да комуницираат и работат во мултикултурна средина.

Резултатите беа претставени од претседателот на Фондацијата „Българска Памет“, д-р Милен Врабевски, а истите беа поврзани со остварувањето на поставените цели на проектот, односно: учесниците да се здобијат со универзални клучни компетенции; да развијат вештини за комуникација и работа во мултикултурна средина, во која да бидат толерантни и солидарни; да послужат во инспирација за иновативни и креативни иницијативи во контекст на европската интеграција.

“Толеранција и солидарноста значат – да се научите да подавате рака, без да очекувате нешто за возврат. Вие треба да сте корисни за вашите општества, затоа концентрирајте се на добрите дела, како општа насока на нас, Европејците, треба да е секогаш напредокот во нагорна линија “, Изјави д-р Врабевски, свртувајќи се кон младите.

Учесниците на пресконференцијата ги споделија своите искуства и видувања:

“За време на семинарот успеавме да стекниме и развиеме знаење, вештини и компетенции кои ќе ни бидат потребни за нашиот иден професионален развој – тимска работа, критичко и аналитичко размислување, креативност, иницијатива како и решавање на проблеми. За нас беше задоволство да учествуваме во интерактивните сесии посветени на толеранцијата и солидарноста, како и да се сретнеме и поразговараме со различни соговорници, од кои многу научивме и добивме инспирација “, изјави Рената Поповска од Република Македонија.

Со овој проект, стремежот на Фондацијата беше да го насочи вниманието на младите луѓе,  на важноста од развојот на активно европско граѓанство, што е отворена кон светот и се базира на заедничките вредности во ЕУ.

 

Поврзани вести