МБП го отвори огранокот во Скопје

Македонско-Бугарско Пријателство на 20.02.2016 год. официјално го отвори својот огранок во Скопје. На настанот присуствуваа гости од Р.Македонија и Р.Бугарија како и членови и симпатизери на здружението.

Настанот го отвори амбасадорот на Р.Бугарија во Р. Македонија, Иван Петков, кој на здружението им посака успешна работа во иднина.

Претседателката Маринела Петреска, во своето обраќање зборуваше за актуелните и идните проекти и  најави отворање на идни ограноци. Исто така повика на поголема меѓусебна соработка помеѓу Скопје и Софија.

Гостите ги поздрави председателот на комисијата за бугарите во странство во собранието на Р.Бугарија, Румен Јончев, кој кажа дека комисијата е нова но ќе се залага за поголема соработка.

Поврзани вести