Одбележана 24 годишнината од признавањето на Република Македонија под уставно име од страна на Република Бугарија

На 15 јануари 2016 година во Штип официјално беше одбележана 24-годишнината од признавањето на независноста на Република Македонија под уставното име од страна на Република Бугарија. Ваков настан се организира трета година по ред, а домаќини беа членовите на здружението „Македонско–Бугарско пријателство“ од Штип. На одбележувањето присутни беа претставници од повеќе бугарски институции, членови од здруженијата „Македонско–Бугарско пријателство“ од неколку градови од Македонија, како и членови од задружението „Албанско–Бугарско пријателство“.

На самиот настан имаше промоција на книгата „Развигорови – обречените на свободата“ од авторот Михаил Развигоров. Тој е внук на легендарниот војвода Мише Развигоров, еден од дејците на националното ослободително движење во Македонија.

За оваа книга Красимир Каракачанов, потпретседател на собранието на Р.Бугарија, изјави:

„Убаво е што се објави оваа книга, за да можат македонската и бугарската јавност да прочитаат нешто повеќе за историјата, што е многу важно.“

Меѓу присутните беа и Јулиан Ангелов, пратеник од бугарското собрание, и Борис Вангелов, претседател на Државната агенција на бугарите во светот.

БНТ направи прилог од настанот, види го во целост тука.

Поврзани вести