МАНУ и БАН на заедничка научна конференција

Шест врвни историчари од Македонија и исто толку од Бугарија ги изложија своите реферати за Ослободителните борби на Македонија од Источната криза до балканските војни на научната конференција во Битола.

Иако историските прашања знаат да бидат камен на сопнување помеѓу двете земји, научната комуникација дозволува секој слободно да ги изнесе своите аргументи, без предуслов да се стигне до заедничко прифатливо стојалиште, рече во своето воведно обраќање претседателот на МАНУ, Владо Камбовски.

Македонија и Бугарија во минатото биле пример за поддршка на братскиот народ во ослободителните војни против окупаторите.

Оддавајќи чест на загинатите херои од пред 112 години, испраќаме порака на поколенијата дека иднината е заедничка, порача првиот човек на Бугарската академија на науките, Стефан Воденичаров.

Научната конференција во Битола е продолжение на соработката меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките на 33 заедничките научно – истражувачки проекти, воспоставена пред две години.

Поврзани вести