Стојанче Зафиров: Бугарскиот „Минстрој“ им го врати животот на рударите од Пробиштип и Крива Паланка

Започнување на новата индустриска револуција е една од главните цели на Европа за 2020 год., стратегија на ЕУ за мудар, оддржлив и инклузивен економски раст. Од тука произлегува и фактот за подобрување на бизнис-климата, во намалувањето на бариерите, трговијата и инвестициите кои граничаат со ЕУ.

Историскиот ден за Пробиштип и Крива Паланка е рестартирањето на рудниците во „Злетово“ и „Тораница“ односно потпишаниот договор за концесија на компанијата „Минстрој“ од Р. Бугарија која исто така е носител на нормите и принципите во регионот како членка на Европските регулативи за единствен ЕУ пазар.

Имено на 06.04.2016 год., без политика, без предрасуди од минатото, се случи чин на меѓусосетско збартимување на бизнисите од страна на двете соседни земји. При електронска лицитација, „Минстрој“ понуди 2 милиони евра за двете концесии како и план за дополнителна инвестиција од 10 милиони евра , за која веќе вработените рудари сведочаат за обновување во квалитетна рударска опрема за експлотација, на корисните минерални суровини од давата рудника, а исто така и овозможување на многу поголеми плати за рударите – ( јамци).

Висината на концесијата им дава прилив на пари во буџетите на локалните самоуправи скоро и една четвртина од вкупниот буџет на општините. Целиот овој наплив од свежи пари ни дава не само Европска егзистенција туку и развој на локалните самоуправи и малите бизниси врзани со експолотацијата, но секако и враќање на животот, мотивација и надеж за младите генерации да формираат свои семејства. Притоа вратени се близу 500 рудари кои претходно беа вработени во јамските окна, на „Злетово“ и уште толку во рудникот „Тораница“ kај Крива Паланка. Но интересен е феноменот на повторното враќање на рудари од Пробиштип кои долго време експлотираат руда во рудниците во Србија во Горни Милановац и во Косово.

Сопственикот на „Минстрој“, Влканов, во една пригода кажа дека компанијата има големо искуство во областа на рударството во Р.Бугарија и во светот, таа поседува рудници во Африка, Европа и Германија, а воедно посочи за големата поддршка од страна на државата и општините.

Јас како советник во општина Пробиштип, отпрвин не можев да ја разберам суштината на политиката во рударството бидејќи ги следев медиумите во Р.Бугарија и заклучив дека тамошните компании воопшто не се заинтересирани за бизниси и инвестиции кај нас, но и знам отсекогаш дека и нашите политичари секогаш беа скептични во бугарските бизнис политики. Од тука и бев изненаден од потегот кој го направи „Минстрој“. Но ќе констатирам дека тој потег на инвестиција беше, и е пример за идните генерации како треба преку бизнисот и доброчовечките односи да ја градиме иднината и да ги отргнеме што побргу националистичките бариери меѓу нашите земји, а притоа да водиме сметка како да се доближиме, заеднички, до Европските стандарди за единствен пазар на стоки, со што ќе ја потикнеме конкурентоста и ќе ја зголемиме транспарентноста на потрошувачите, ставајќи акцент на принципот на слободно движење на бизнисот, капиталот и се она што преставува човечки ресурси, а со ќе се овозможи подобра и заедничка иднина меѓу двете соседни држави.

Тука треба да се стави акцент и на големата меѓугранична соработка преку заеднички проекти со општините на двете земји. Каде при реализацијата на проектите се подобруваат условите за работа на училиштата, градинките, културата или невлдиниот сектор. Па во контекст на тоа, поднесен е предлог програма до советот на општина Пробиштип, за збратимувње на општина Пробиштип и општина Царево во Р. Бугарија. Програмата беше едногласно изгласана од советот на општина Прпбиштип и се надеваме дека тоа ќе го стори и општина Царево, како чин на добрососедство и развој на бизнис – климата и туризмот.

Ете, успешната приказна на „Минстрој“ нека биде репер и за други бугарски фирми да дојдат во Македонија, да инвестираат и во руралните општини за кој бизнис верувам дека никогаш нема да зажалат. Оваа сублимација на настани ќе ја завршам со 

 

 

Стојанче Зафиров

Комитет за регионален развој – МБП,

Општински советник – Пробиштип,

Државјанин на Р.Македонија и Р.Бугарија

Поврзани вести