СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТ- СТУДЕНТСКА КАМПАЊА ВО БУГАРСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

Информација во врска со приемот на документи за македонските државјани кои сакаат да го продолжат своето образование во високо-образовните институции во Р. Бугарија– во согласност со ПМС на МС 103 и 228.

На 17, 18, 19 и 20 јуни 2017 год. 10 часот во просториите на Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје ќе се поднесуваат документите на македонските државјани кои според ПМС № 228 и № 103 на МС сакаат да го продолжат своето образование во бугарските универзитети.

На 7 јули 2017 год. во високото училиште за транспорт „Тодор Каблешков“ во Софија ќе се одржи задолжителниот испит по бугарски јазик и историја.

Бесплатните курсеви за подготовка за испитот по бугарски јазик и историја, ќе се одржат во зградата на БКИЦ (Бугарскиот културно информативен центар) во Скопје на адреса: Скопје ул. ,, Васил Ѓргов“5.Заинтересираните лица можат да се запишат на тел. 00389 70 331 959, г-н Љупчо Куртелов.

Список на задолжителните документи за пријавување во амбасадата:

  1. Пријава (образец);
  2. Личен формулар;
  3. Диплома за завршено средно образование (за тие, кои се уште ги немат добиено своите дипломи се претставува потврда од средното училиште за завршено средно образование), копија од дипломата или потврдата заверени на нотар.
  4. Извод од матична книга на родени. Копија заверена на нотар.
  5. Документ за бугарска национална припадност во согласност со чл. 1 ст. 2 на ПМС 103/1993 г. Копија заверена на нотар.
  6. Копија на документ за лична идентификација, државјанство и адреса (лична карта или пасош);
  7.  Слики 2 бр.

Документите се пополнуваат на бугарски јазик.

Објаснување:

ПМС № 228 – се однесува на сите државјани на Р Македонија;

ПМС № 103 – се однесува на тие които имаат бугарско потекло;

За прв пласман може да се поднесуваат пријави за упис врз основ на двете ПМС №228 и ПМС 103. Се поднесуваат две пријави (по една за секоја од владините одлуки), а останатите документи се поднесуваат во еден примерок. За втор и следен пласман студентите-кандидати можат да се пријават само врз основ на една од владините одлуки.

Целата неопходна информација е објавена на интернет сајтот на бугарското Министерство за Образование и Наука во делот „за Бугарите зад граница“: линк >>>

 

 

Поврзани вести